Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Буџет за 2023 година: Според власта ќе ги ублажи последиците од кризата, за опозицијата е инфлаторен и расипнички

/

пред 1423 дена

Сподели преку :

Буџетот во 2023-та ќе ги ублажи последиците од економската и ценовната криза и ќе даде основа за развој на среден рок, тврди власта, додека опозицијата го нарече нереален, инфлаторен и расипнички. Од 263 амандмани пред Комисијата за финансирање и буџет – 200 се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот Фатмир Бесими инсистира дека се обезбедува одржлива економија и намалување на непродуктивните трошоци.

СДСМ гледа можност за зачувување на животниот стандард и одржливост на стопанството.

Наредната година државата ќе располага со 5,3 милијарди евра. Економскиот раст е проектиран на 2,9 одсто, буџетскиот дефицит на 4,6, а стапката на инфлација на 7,1. Се очекува буџетот да биде изгласан кон средината на декември.

Соња Николовска