Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарија го воведува еврото во услови на политичка криза

/

пред 278 дена

Сподели преку :

Од Нова година, Бугарија официјално ќе го замени левот со евро и ќе стане 21-та членка на еврозоната, со што ќе го заокружи процесот на интеграција во ЕУ.

Одлуката доаѓа во време на политичка нестабилност, по оставката на владата и зголемени стравувања кај граѓаните од поскапувања. Воведувањето на еврото беше одложувано со години, главно поради инфлацијата, а сега е засенето од институционален застој, недонесен буџет и одложени реформи.

Поддржувачите сметаат дека еврото ќе донесе поголема финансиска стабилност, доверба кај инвеститорите и ќе ја зајакне проевропската ориентација на земјата.

Економистите, пак, оценуваат дека краткорочните ефекти ќе бидат ограничени, а клучни проблеми остануваат корупцијата и владеењето на правото.

Според нив, членството во еврозоната носи доверба, но без стабилна фискална политика и институционални реформи, придобивките нема целосно да се искористат.