Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарија привремено укина дел од санкциите кон Русија за да набави делови за нуклеарката „Козлодуј“

/

пред 196 дена

Сподели преку :

Владата на Бугарија соопшти дека привремено се укинати дел од санкции кон Русија за да се овозможи набавка на резервни делови за нуклеарната централа „Козлодуј“.

Советот на министри ја овласти нуклеарната централа „Козлодуј“ да ги увезе потребните резервни делови од Русија и да прими техничка помош во рамките на експлицитно наведените договори, пренесе бугарското национално радио.

Бугарската влада соопшти дека главен приоритет во работата на постројката е одржување на највисоко ниво на техничка и нуклеарна безбедност, како и дека, бидејќи голем дел од системите и опремата се од руско потекло, некои испораки за сигурна работа на блоковите 5 и 6 на нуклеарката „Козлодуј“ мора да бидат извршени од руски изведувачи.

Нуклеарната централа „Козлодуј“ е единствената нуклеарна централа во Бугарија и е најголем производител на електрична енергија во земјата, каде што обезбедува повеќе од една третина од годишното производство на струја. Одлуката за привремено укинување на санкциите кон Русија е донесена откако руските мембрани на нуклеарната централа беа заменети со бугарски, што доведе до серија прекини во работата на блокот 6 и загуби од десетици милиони евра.