Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарскиот Парламент ќе гласа за недоверба на владата

/

пред 450 дена

Сподели преку :

Народното собрание на Бугарија денеска ќе гласа за нацрт-резолуцијата за гласање недоверба на Советот на министри со премиерот Росен Жељазков поради „неуспех во секторот за животна средина и вода“.

Точката е прва на дневен ред за денеска, според програмата за работа на парламентот, објавена на веб-страницата на институцијата.

Гласањето за недоверба го поднесе парламентарната група „Величина“ со поддршка на пратениците од групите „Морал, единство, чест“  и „Преродба“ – вкупно 48 пратеници. Ова гласањето за недоверба би било успешно ако 121 пратеник гласаат за предлог-одлуката. Со поддршката декларирана од „Алијансата за права и слободи“ и „Продолжуваме со промената“, подносителите на гласањето би можеле да сметаат на вкупно 86 гласа „за“, во отсуство на отсутните пратеници.