Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бугарско МНР: Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата поврзана со Мицкоски

/

пред 100 дена

Сподели преку :

Министерството за надворешни работи на Бугарија придава големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и ги осудува сите дејствија што ги кршат строго утврдените меѓународни правила и практики во оваа област.

Бугарската агенција БТА го објави одговрот на бугарското МНР во врска со коментарот на премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски.

  • Како што веќе наведовме, нотата дистрибуирана во јавноста се однесува на настани од 6 јануари 2026 година. Околностите околу случајот сè уште се разјаснуваат. Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата во рамките на МНР, стои во соопштението од бугарското МНР за БТА.

Пред неколку дена, бугарското МНР соопшти дека не е дистрибуирана никаква дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членови на семејството на официјален претставник на друга земја.

Инаку станува збор за протекувањето на дипломатската нота од бугарска страна на портали со лични податоци за патувањето во јануари на сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, со нивниот малолетен син во Бугарија.

Мицкоски го информирал НАТО за објавена дипломатска нота за патување на сопругата и синот