Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цената на струјата оди во рацете на ЕВН ХОУМ- Регулаторна повеќе нема да ја одредува

/

пред 1056 дена

Сподели преку :

Наместо Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе ја одредува ЕВН ХОУМ. Регулаторна ќе има обврска само да направи проверка, но неизвесно е дали ќе може и да интервенира.  Ова се предвидува со новите измени во законот  за енергетика.

-Нема повеќе да ја определуваме на тие начини, цената за домаќинствата и малите потрошувачи,  ќе ја објави ЕВН ХОУМ , а претходно ќе ја даде на контрола во РКЕ каде ќе се проверува дали ќе бидат правилно применети  тарифните системи. Ова се прави во речиси сите држави, само ние, Србија и Косово останавме каде РКЕ ја соопштува цената на електричната енергија, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Новата цена, треба да се донесе до крајот на годинава, а да ќе важи од јануари. Од РКЕ соопштуваат дека нема да се прават никакви промени ниту кај тарифните блокови.