Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Череп на Тирекс на продажба за 15 милиони долари

/

пред 1426 дена

Сподели преку :

Череп на Тироносаурус рекс е ставен на аукција во Њујорк, и се очекува следниот месец да биде продаден за 15 милиони долари. Черепот, кој бил ископан во Јужна Дакота во текот на 2020 и 2021 година, е ставен на аукција која ќе се одржи на 9 декември, а продавачот побарал да остане анонимен.

Тирексот, чиј череп е обележан од две големи дупки, добиени при борба која ја имал со друг диносаурус, умрел пред 76 милиони години, но не е познато дали овој предатор угинал како последица на тие повреди, или не.

Експертот за наука и популарна култура на њујоршката аукциска куќа Содби, Касандра Хатон, вели дека не се знае што се случило со остатокот од телото на Тирексот, но тоа што само черепот е достапен за купување за потенцијалните купувачи тоа не претставува никаков проблем.

Тоа е најголемиот трофеј што можете да го поставите дома, вели таа.

Черепот на Тирексот, кој беше наречен максимус, бил откриен во областа Хардинг, во Јужна Дакота каде што и претходно биле ископувани скелети на Тироносауруси.