Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чешката иницијатива собраа 1,6 милијарди евра воена помош за Украина, Путин: Оружјето за Киев може да има „сериозни последици“ за Европа

/

пред 877 дена

Сподели преку :

Иницијативата на Чешка за забрзување на испораката на оружје за Украина собра 1,6 милијарди евра, а првата достава ќе се случи за неколку дена, изјави синоќа чешкиот премиер Петр Фиала.

Тој истакна дека средствата се донирани од 15 земји-членки на Европска Унија и на НАТО, но не наведе детали.

Со сегашното финансирање „се очекува да се обезбеди донација од половина милион парчиња артилериска муниција пред крајот на годината“.

Полска изрази подготвеност да помогне во транспортот на муниција во соседна Украина како дел од чешката иницијатива, додека Холандија соопшти дека ќе испорача делови од системот за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина и дека е во разговори со други земји за составување на целосниот систем.

Фиала го повтори ставот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека западните држави треба да ги укинат ограничувањата со кои на Украина и се забранува употреба на донираното оружје за напад врз руска територија.

Путин: Оружјето со голем дострел за Киев може да има „сериозни последици“ за Европа

Рускиот претседател, Владимир Путин и се закани на Европа со сериозни последици доколку на Украина и се дозволи во иднина да користи прецизно оружје со голем дострел доставено од Запад врз руска територија.

Тврди дека современите вооружени системи како што е ракетниот систем „ATACMS“ не се управувани од украински војници, туку од висококвалификувани експерти на НАТО врз основа на податоци од сателитски извидувања, оружје што до сега главно се користеше на украинска територија окупирана од Русија.

Нагласи дека претставниците на НАТО, особено во Европа и особено во малите земји, треба да разберат со што си играат… Путин навести дека Русија може да преземе воени контрамерки и рече дека особено помалите земји не треба да заборават дека нивните територии не се големи и дека се густо населени.

Путин, кој ја започна руската агресија против Украина пред повеќе од две години, го обвини Западот дека само ја продолжува ескалацијата.