Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четири активни пожари во државата

/

пред 415 дена

Сподели преку :

Активни се четири пожари на отворен простор, кои се под целосна или делумна контрола, а целосно е изгаснат пожарот кој вчера изби на територијата на општина Желино во атарот на село Церово и во вечерните часови се прошири во насока на месноста Карпалак покрај автопатот Скопје – Тетово, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Во гаснењето на пожарот во Желино биле вклучени Територијалната противпожарна единица Тетово и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Од ДЗС упатуваат благодарност до тетовските и скопските пожарникари кои, како што посочуваат, во ноќни услови успеаја да го изгаснат овој голем пожар кој во делови се одвиваше на тешко пристапен терен. Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 пожари на отворен простор.