Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четири арапски држави во дипломатска акција за да се спречи американски напад врз Иран

/

пред 261 дена

Сподели преку :

Претставници на Саудиска Арабија, Катар, Оман и Египет 48 часа имаа интензивни дипломатски разговори со Вашингтон и Техеран, за да ги спречат САД воено да го нападнат Иран, изјави неименуван извор.

Според него, разговорите биле насочени кон намалување на запалива реторика и избегнување на каква било воена операција што може да предизвика регионална нестабилност.

Претставниците на арапските држави предупредија дека агресијата би имала сериозни безбедносни и економски последици по регионот.

Земјите од Персиски Залив стравуваат дека американските воени бази на нивна територија би можеле да бидат мети на иранската одмазда во случај на американски напад.

Тие се загрижени и од евентуални напади врз енергетските постројки, врз кои се заснова регионалната економија,

Ниту САД ниту Иран официјално не соопштија детали од дипломатските напори на арапските држави.