Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четиригодишното дете повредено во сообраќајката кај Рашче е стабилно

/

пред 651 дена

Сподели преку :

Четиригодишното дете што беше повредено во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај Рашче, кога возило излета од патот и падна во реката Вардар, е во стабилна здравствена состојба.

Според директорот на Клиниката за детска хирургија во Скопје, Лазо Јовчевски, детето не е витално загрозено и од денеска се наоѓа на редовно одделение, а не на интензивна нега.

Очекувањата се дека наскоро ќе биде пуштено на домашно лекување.

Во возилото што учествуваше во несреќата патувале четири лица, меѓу кои и детето.

Возилото беше пронајдено во реката, а детето го пронајдоа случајни минувачи надвор од возилото и веднаш беше пренесено на Клиника.

Патници во возилото се родум од село Грчец.

Полицијата и натаму трагаат по четвртото лице кое било во автомобилот во моментот на несреќата.

Од Основното јавно обвинителство Скопје потврдија дека случајот се истражува, а на местото на несреќата беше извршен увид.