Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворица членови на екипажот загинаа, по двајца се трага – падна американски стратотанкер во Ирак

/

пред 210 дена

Сподели преку :

Четири од шест члена на екипажот загинаа во падот на американски авион за танкирање гориво во воздух (тип КЦ-135) во западен Ирак, соопшти Централната команда на војската на САД.

Спасувачката мисија за преостанатите два члена е во тек. Несреќата се случи околу 14 часот по источноевропско време. Околностите за падот на авионот се истражуваат. Според првичните информации, исклучена е можноста за соборување на авионот со непријателски оган или со т.н. „пријателски оган“.

Идентитетите на четворицата загинати членови на екипажот ќе бидат соопштени по 24 часа, откако за нивната смрт ќе бидат известени семејствата, што е вообичаена процедура.