Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Членови на Советот на Јавни обвинители наврeдувале претставници на граѓанскиот сектор поради критиката за изборот на Абази

/

пред 1421 дена

Сподели преку :

Блупринт групата за реформи во правосудството го повика претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски да се произнесе за навредите врз членовите на граѓанскиот сектор за време на седницата одржана на 11 ноември 2022 година. Тие забележуваат дека поради навредите контекстот на дискусијата бил крајно непрофесионален, во целост спротивен на стандардите за етичко однесување на јавните обвинители и претставува ризик за создавање на недоверба што може да доведе до несоработка со заинтересираните страни во реформата на правосудството.

Според Блупринт групата на седницата одржана пред три денови, членовите на Советот отвориле дискусија за јавните реакции на стручната јавност, правните експерти и граѓанските организации за спроведувањето на изборот на Основен Јавен обвинител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Во рамките на дискусијата, еден од членовите на Советот во неколку наврати упати навреди кон Блупринт групата и граѓанското општество во целина, при што се обиде навредливо да ја дискредитира работата на организациите од Блупринт групата. Од дискусија на овој член на Советот која содржеше неаргументирани несогласувања со јавно споделениот став на Блупринт групата за недоволната транспарентност во процесот на избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, најмногу загрижува неговиот став и намера да укаже дека граѓанските организации не треба воопшто да даваат мислење во јавноста за работата на Советот, и дека истите се под политички влијанија и критиките упатени кон Советот се со намера за рушење на неговиот кредибилитетот“, реагираат од Блуприн групата.

Тие забележуваат дека ниту претседателот на Советот на Јавните обвинители, а ниту некој друг член, не се обидел да ја спречи таквата дискусија, и според нив уште позагрижувачки е дека таквата не е ниту изолирана.

Имено, во продолжение на дискусијата од страна на друг член на Советот беше истакнато дека ставовите искажани од нивниот колега за Блупринт групата се ставови и на Советот, соопштија од Блуприн.

Веднаш по завршувањето на седницата, Блупринт групата испратила писмо до Јолевски како Претседател на Советот на Јавните обвинители со барање во најкус рок да се произнесе дали искажните ставови на двајцата членови се став на Советот или се лични ставови на членовите на Советот.

Тргнувајќи од досегашната соработка помеѓу Блупринт групата за реформи во правосудството и Советот на Јавни обвинители, сметаме дека со искажаната дискусија со навреди и непрофесионален тон, се создава околина на недоверба и несоработка помеѓу Советот и граѓанското општество во клучен момент за процесите за реформа на правосудството и европските интеграции. Нас не’ загрижува потценувачкиот и навредувачкиотИ однос од член на Советот, кој е истакнат правник,  и сметаме дека истиот претставува и притисок врз граѓанското општество, со цел да ограничи конструктивната критика упатена кон работата на јавните институции, а со тоа и да се намали степенот на отвореност, инклузивност, транспарентност и отчетност на институциите кои се клучни елементи на принципот на владеење на правото како темел на демократските општества, реагираат од блупринт групата.

Тие очекуваат Јолевски како Претседател на Советот на Јавните обвинители, кој досега покажал висок професионален интегритет и бил отворен за комуникација и соработка со граѓанските организации, во името на Советот на Јавните обвинители да се произнесе по барањето на Блупринт групата за реформа на правосудството, и притоа јавно да се огради од ставовите искажани од двајцата членови на Советот против граѓанското општество, и да побара од нив да се извинат за навредите упатени кон претставниците на граѓанките организации и кон сите останати кон кои биле упатени навредите и дискредитациите.