Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цитат од Ванчо Михајлов кој ја негира македонската нација поставен во Бугарскиот клуб во Битола

/

пред 1629 дена

Сподели преку :

Подготвоката и уредувањето на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов во строгиот центар на Битола, според објавите на нивната ФБ страница  започна уште во јануари годинава, кога се поставени рекламните паноа  однадвор. Во февруари  во внатешноста на објектот се поставени портерти од  Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Владо Черноземски, Мара Бунева и уште неколкуимина контроверзни историски личност. На еден од ѕидовте е врамен  цитат од негов текст објавен на 2 август 1983 година во Рим, по повод 90 години од формирањето ан ВМРО и 80 години од Илинденското востание, каде Михајлов ја негира македонската нација.

„Можеме да се гордееме, бидејќи знамињата на ВМРО и Илинден беа и остануваат човекови права и слобода. Значи, залудни се напорите на маскираната македонска „нација“ да го лаже светот. Вистината ќе победи. Ваш Иван Михајлов“, пишува на натписот врамен во внатрешноста на клубот Иван Михајлов

На спротивниот ѕид од овој цитат се  портретите на Гоце Делчев и Даме Груев, а до нив и  на уредниците на весникот Македоснка Трибуна, за првпат издаден  во 1927 година од  Македонската  патриотска организација, блиска до погледите на Ванчо Михајлов

На свеченото отворање на клубот кој го носи името на соработник на фашистите во Втората светска војна  во Битола дојде целиот државен врв на Бугарија. Поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на социјалните мрежи објави фотографии  и напиша дека присуствуваше на отворањето на реновираниот бугарски културен центар „Иван Михаилов“ во Битола, на чија реазлизација работеше заедно со нејзиниот тим во Министерствотo  за надворешни работи на Бугарија.

Емилија Мисирлиевски