Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црковниот врв и верниците пред Соборниот храм порачаа – „СТОП“ за предлог законите за родова еднаквост и матична евиденција

/

пред 1209 дена

Сподели преку :

Секуларното општество не значи безбожно општество. Црковниот врв ја испрати оваа и други пораки пред насобраните верници и поддржувачи на протестот.

Икони, верски и национални обележја само го дополнија целиот декор во дворот на Соборниот храм. МПЦ гласно се спротивстави на  предлог-законските решенија за родова еднаквост и за матична евиденција.

Црквата смета дека со донесување на законите, традиционалното семејство ќе се деградира.

Архиепископот г.г. Стефан порача дека светот го окупира нова идеолошка пропаганда на која и во нашето општество ѝ го гледаме вистинското лице.

Луѓето масовно се одзваа на повикот на црквата и го исполнија дворот на Соборниот храм, но и ги заглавија дел од околните булевари и крстосницата во центарот на градот.

Присутно беше силно полициско обезбедување.

Дел од протестирачите и пред камерата го кажаа ставот – зошто протестираат, против што се и дали се запознаени со законските решенија.

Претходно, Светиот архиерејски Синод упати апел за учество на сенароден собир. Црквата потенцира дека протестот не е насочен против никој, туку исклучиво против содржината на предлог законите.

Но, невладините организации се најдоа прозвани и со денови и се спротивставуваа на црквата и порачаа – МПЦ прави директен упад во секуларноста на државата и не го почитува Уставот.

Петар Догов