На бројот за итни случаа 112 вечерва е упатен повик за спасување на двајца планинари во подножјето на Титов Врв на Шар Планина. Според информациите од ЦУК еден од планинарите паднал од карпа и неговата здравствена состојба е непозната додека другиот е контактибилен.

По дојавата веднаш е организирана спасувачка акција која се уште е во тек.
А доцна вечерва заврши уште една спасувачка акција овојпат на планината Караџица. Две лица со квадрицикл паднаа во бездна длабока дваесет метри.

И двајцата успешно се извлечени во стабилна здравствена состојба и предадени на две екипи на Итната медицинска помош, информираат од ЦУК. Несреќата се случила откако со квадрициклот излетале од земјениот пат по што завршиле во провалија непосредно кај селото Алдинци.











