Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Целта на царините е да ги принудат американските сојузници да седнат на преговарачка маса, тврди поранешниот амбасадор на Трамп во ЕУ

/

пред 623 дена

Сподели преку :

Поранешниот американски амбасадор во ЕУ, Гордон Сондланд, изјави дека царините се многу моќна алатка за привлекување на вниманието, и смета дека сегашната администрација на Трамп ќе ги користи како преговарачка тактика во односите дури и со најблиските американски сојузници. Неговите коментари доаѓаат откако Трамп по воведувањето дополнителни санкции за Кина, најави дека истото ја очекува и Европа.

Веќе со години, па дури и децении, имаме листа со барања од овие пријатели, а резултатот од секој разговор со нив е идентичен, ќе размислат, ќе ни одговорат, а Доналд Трамп нема трпение за тоа, изјави поранешниот амбасадор во ЕУ, именуван токму од Трамп.

Сондланд смета дека царините претставуваат вистинска закана, чија цел е да го принуди сојузниците да ја послушаат Америка.

Ако е потребно тие ќе останат на сила се додека не постигнат некакво економско влијание. Тоа навистина ги тера луѓето да станат од своите задници и да седнат на масата и започнат да ги решаваат проблемите, изјави Сондланд.

Како одговор на заканата од Трамп, претседателката на Европската комисија Усрула фон дер Лајен порача дека иако унијата посакува конструктивен дијалог со САД, во исто време е подготвена цврсто да одговори доколку биде неправедно таргетирана од Вашингтон.