Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цените на авиобилетите растат- моментално се плаќа околу 20 проценти повеќе за авионски билети во споредба со лани

/

пред 160 дена

Сподели преку :

Цените на авионските билети бележат драстичен раст, поттикнати од неизвесноста на цените на горивата поради конфликтот во Иран и зголемената побарувачка за патувања.

Според извршниот директор на „Јунајтед Ерлајнс“, Скот Кирби, ситуацијата на пазарот останува стабилна и покрај зголемените трошоци.

Тој посочува дека цените се резултат и на силната побарувачка, а не само на горивата, при што патниците продолжуваат да резервираат летови во рекордни бројки.

Според него, навикнувањето на повисоки цени кај авиокомпаниите може да доведе до тоа тие да останат високи и во иднина.

Податоците покажуваат дека патниците моментално плаќаат околу 20 проценти повеќе за авионски билети во споредба со минатата година.

Експертите предупредуваат дека дури и евентуален пад на цените на горивата не мора автоматски да значи поевтинување на билетите.