Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цените на недвижностите растат, но со намалено темпо

/

пред 92 дена

Сподели преку :

Во вториот квартал од годинава, цените на становите пораснале за 13,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на НБРМ.

Она што може да се забележи е тренд на намалување на растот на цените на становите, со оглед дека во првиот квартал од годинава годишната стапка на раст на цените на недвижностите беше зголемена за 16,6 отсто.

Минатата година пак, растот на цените на становите во првите два квартали беше поголема од 19,5 отсто, додека во вторите два квартали растото на цените на недвижностите на годишна основа надминуваше 25 отсто.

2025 Kв.1 19,5
Kв.2 19,9
Kв.3 25,1
Кв.4 25,0
2026 Kв.1 16,6
Кв.2 13,3