Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цигарите и загадувањето на воздухот причина за заболени пациенти од ХОББ

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Македонија се најде на водечката листа на најзагадени држави во светот, а на врвот е и по користење цигари. Токму овие две појави се причина во земјава да има повеќе од 100 илјади заболени пациенти од хронична опструктивна белодробна болест. Честа кашлица,отежнато дишење, недостаток на здив и чувство на притисок во градите се најчестите симптомите кои треба да бидат црвен аларм граѓаните на време да се јават на лекар.

„Аерозагадувањто делува и кај здрави и кај болни само кај здравите не прави толку голем проблем, додека кај пациентите што имаат веќе ХОББ, бидејќи тоа е веќе хронично воспаление тоа е како сол на рана да му ставате и затоа имаме голем број на влошувања, прегледи и хоспитализации во текот на зимата.Секоја зима ова се случува.Најглавна причина за ова е пушењето.Главен лек за ова е прекин на пушење.Лек број еден е прекин на пушење, па после доаѓаат лековите“, вели оц. Д-р Димитар Каркински директор на Институт за белодобрни заболувања и туберколоза.

По повод денот на хронична опструктивната белодорбна болест институтот за белодробни заболувања организираше настан за подигање на свеста.Тим од медицински сестри правеа проверка на белодробната функцијата, а неколку граѓани од лекарите добија препорака да се јават во институтот за спирометрија.

Хронична опструктивна белодробна болест е група на белодробни заболувања кои го отежнуваат дишењето и истата се влошува со текот на времето. ХОББ не исчезнува, но постојат третмани кои може да ги ублажат симптомите, да го забават напредокот на болеста и да ја подобрат способноста да се остане активен. Во светот има 6,1 % заболени од ХОББ .

Симона Петровска