Вкупно 13 пожари на отворен во Македонија до 13:00 часот. Од нив, 4 се активни, 5 се под контрола, а 4 се целосно изгаснати информира ЦУК.
Активните пожари се регистрирани во општините Василево, Радовиш и Берово (околу селото Нивичино и Малешевските планини), Прилеп и Кавадарци (околу селата Царевиќ, Смолани, Галиште и Трстеник), како и во Крушево (Градска депонија Струнга). Пожарите под контрола се во општините Штип, Карбинци, Делчево, Прилеп и Куманово.
Изгаснати се четири пожари во општините Македонски Брод, Македонска Каменица и Струмица. Граѓаните и надлежните служби се повикуваат на внимателност и почитување на мерките за заштита од пожари.











