Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Гори кај „Јасен“ и кај село Октиси, три пожари под контрола, 20 се изгаснати

/

пред 430 дена

Сподели преку :

До 7 часот утрово се евидентирани 25 пожари на отворен простор од кои два се активни, а три се под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците, изгаснати се 20 пожари. Активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, општина Македонски Брод, каде гори мешана шума и во Октишка краста во Струга, каде гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во Општина Сарај 2, село Радуша кон село Дворце каде е зафатена ниска вегетација, Општина Арачиново каде, исто така е зафатена ниска вегетација и во Општина Демир Хисар, село Мало Илино каде пожарот зафати дабова шума.

Изгаснати се пожарите во Општина Кичево, село Челопеци (нискостеблеста шума), Општина Македонски Брод, село Крапа (нискостеблеста вегетација), Општина Крива Паланка, село Нерав, место „Биљино“ (ниска вегетација и шума), Општина Струга, село Белица (багреми и нискостеблеста вегетација), Општина Тетово, село Џепчиште (ниска вегетација), Општина Брвеница, село Милетино (ниска вегетација), Општина Тетово, село Жеровјане (ниска вегетација), Општина Тетово, кај Железничка станица (ниска вегетација), Општина Гостивар, село Градец (ниска вегетација), Општина Могила, атар на село Могила (ниска вегетација), Општина Битола, село Лажец (депонија), Општина Делчево, село Вирче (ниска вегетација), Општина Липково, село Опае (ниска вегетација), Општина Гостивар, село Симница (ѓубре), Општина Арачиново, Обиколница Клучка Илинден (ниска вегетација), Општина Арачиново, село Орланци (ниска вегетација и грмушки), Општина Илинден, село Кадино (ниска вегетација и трска), Општина Сарај, атар на село Рашче (ниска вегетација и грмушки), Шуто Оризари, ул. „Брасјачка Буна“ (ѓубре) и Шуто Оризари 2. улица „Нов Живот“ (ѓубре).