Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали младите гласачи кои го предводеа зелениот бран во 2019 сега ќе ја повлечат ЕУ кон десницата?

/

пред 867 дена

Сподели преку :

Намалувањето на старосната граница за гласање на европските избори, беше направено во некои држави како обид да се зголеми излезноста и вклученоста на младите во политичкиот процес, водени од одличните резултати во 2019 година, кога најголемиот дел од младите гласаа за зелените. Но, пет години се многу долг период во политиката, и за разлика од зелениот бран во 2019, овој пат ако може да им се верува на анкетите, гласовите на младите тежнеат повеќе кон десницата и десничарите.

Токму затоа голем дел од вниманието на почетокот на изборите е насочен токму кон младите кои за прв пат ќе го остварат своето граѓанско право.

Да, ќе гласам затоа што сум многу заинтересирана за политика, и мислам дека изборите се многу важни бидејќи избираме кој ќе ја претставува нашата земја во Европа. Поради тоа е многу важно, вели 18 годишната студентка од Шпанија, Софија Муњоз.

Експертизата која крајната десница ја има во употребата на социјалните мрежи ѝ овозможи да води динамична кампања во дигиталниот простор, која го привлекува вниманието на младите, а политичарите како 28 годишниот харизматичен лидер на Националниот фронт, Жордан Бардела, кој ја наследи Марин Ле Пен и италијанскиот заменик премиер Матео Салвини се доста креативни на ТикТок со објави фокусирани, пред сѐ, на безбедносната состојба на Стариот континент.

Тие подготвуваат Европска армија и споделување на нашите нуклеарни оружја. Две опасни амбиции кои се во длабок контраст со францускиот суверенитет и институциите на нашата петта република. Според нашиот Устав, претседателот е врховен командант и не постои друг начин. Со нас, г-ѓа фон дер Лајен никогаш нема да може да ги испрати вашите синови да се борат во туѓа држава, порача бардела пред неколку денови.

Нивната таргет група се младите Европејци кои растеа за време на ковид пандемијата и кои сега имаат многу причини да бидат загрижени за својата иднина почнувајќи од заканата од голема војна во Европа, климатските промени, несигурниот пазар на труд и станбената криза.

Ваквата тенденција која ја отсликуваат анкетите ги плаши припадниците на ЛГТБКју плус заедницата, кои изминативе 10 години уживаше огромна поддршка во ЕУ. Тоа е ретко како каде изразено во Шпанија, каде за лидерот на ВОКС Сантиаго Абаскал, најважните прашања се трансродовите права и абортусот.

Стана евидентно бидејќи во некои други држави се во подем и започнаа да ги кратат правата, и ако стигнат во Европа ќе ја продолжат истата политика. Не мораме да замислуваме што ќе се случи. Не, не. Повеќе од јасно е дека ако имате повеќе такви претставници во Европскиот парламент ќе ги опустошат правата кои многу тешко се стекнуваат, а многу лесно се губат, вели Маркус Маслами од Мадрид.

Анкетите покажуваат дека 6 од 10 млади лица велат дека ќе гласаат на европските избори, и како што тие го предводеа зелениот бран во 2019 година, овој пат можеби тие ќе ја насочат ЕУ длабоко во десниот спектар, веројатно најдлабоко од нејзиното формирање.

Игор Трајков