Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали обвинетите функционери за злоупотреба сега ќе трчаат на суд, заменик-министерката Аврамовска-Мадиќ верува дека со пократки рокови сите ќе бидат поажурни

/

пред 1134 дена

Сподели преку :

-Не само што ќе работат побрзо туку застареноста ќе биде пократка. И верувам дека кај судиите ќе се развие поголема свест дека побрзо треба да ги завршат (н.з. предметите за член 353 за злоупотреба на службена положба). Кога Вие имате застареноста да Ви трае 10 или 20 години, предметите стојат во фиока, одговори заменик министерката за правда Аврамовска Мадиќ во интервјуто за Топ Тема на Телма.

Прашањето беше дали знаејќи ја актуелната состојба кога обвинетите функционери се трудат со сите сили и можности да ги застарат обвиненијата против нив, сега со уште пократки рокови за застарување, се воведува неказнивост или пак власта е убедена дека обвинетите ќе трчаат на суд наместо да ги одлагаат рочиштата.

Викторија Аврамовска Мадиќ во интервјуто одговара на прашањето дали уставните измени се причина за експресната замена во Кривичниот Законик, и каков е партискиот став за промените. Дали конфискацијата на корумпирани функционери ќе биде изводлива со кратки рокови.

Интервјуто ќе биде емитувано вечерва во Топ Тема на Телма, како и на Youtube каналот на ТВ Телма.