Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали повеќе нема да има паушални сметки за струја?

/

пред 564 дена

Сподели преку :

РКЕ во изминатиот подолг период  работи на комплементарен сет на мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачи.

Меѓу нив се : месечно отчитување на броила, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај дел од потрошувачите кои имаат доставено приговори до РКЕ.

Овие  механизами се дел од заедничкото делување со ресорното министерство – МЕРМЕС со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавност, потрошувачите кои се сомневаат во  исправноста на мерните уреди (броилата).

РКЕ останува отворена и транспарента како и до сега за предлози и идеи од граѓаните, но и експертската јавност без разлика дали се организирани формално или неформално.

Овој сет на мерки ќе стапи на сила по завршување на сеопфатната експертка консултативна фаза и со Земак и Макосигре и сите засегнати страни, по што јавноста ќе биде детално запознаена со решенијата.