Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Агенцијата за млади и спорт да премине во надлежност на Груби- предлог реорганизација за да се укине самостојноста на АМС

/

пред 1584 дена

Сподели преку :

Младите стравуваат дека ќе останат без единствената институција која е надлежна за нив по најавената реорганизација на органите на државната управа со која се предвидува Агенцијата за млади и спорт, од досегашниот статус на самостоен орган, да премине на пониско ниво како орган во состав на Министерство за односи меѓу заедниците

Доколку Агенцијата за млади и спорт премине под капата на Министерството за односи меѓу заедниците ќе има помалку ингеренции и самостојност во работењето, како и многу стеснет делокруг на работа, занемарувајќи ги во целост различните потреби на младите, реагираат од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) преку отворено писмо до Владата.

„Ваквата реорганизација на органите на државната управа доведува до исклучително деградирање на институциите надлежни за млади, како и потценување на младинските прашања, што дополнително укажува на самата положба на младите во државата, каде наместо истите да бидат приоритет на владините политики, младите се занемарени и се ставаат во заден план“, велат од НМСМ.

Од НМСМ додаваат дека ваквата реорганизација е штетна за младите.

„Како претставничко тело на младите длабоко веруваме дека се потребни реформи во јавната администрација и од таа причина бараме Агенцијата за млади и спорт да прерасне во Министерство за млади и спорт, по примерот на мнозинството држави во Европа. Република Северна Македонија е една од ретките држави во Европа, која ваквиот важен сектор млади го има ставено на ниво на Агенција, наместо на ниво на Министерство за млади“, велат од НМСМ.

Реакции за оваа одлука пристигнаа и од Коалицијата на младински организации СЕГА и Сојузот за младинска работа. Тие бараат Агенцијата за млади и спорт да прерасне во Министерство за млади и спорт.

„Коалиција СЕГА смета дека овој процес е одлична можност за унапредување на функционирањето на Владата преку формирање на посебно Министерство за млади и спорт кое сериозно ќе придонесе кон враќање на довербата на младите во институциите и намалување на миграцијата на младите како еден од најголемите предизвици од нашето општество“, се вели во реакцијата на Коалција СЕГА.

Од земјите во регионот, Србија, Бугарија и Црна Гора имаат Министерство за млади и спорт, Министерство за благосостојба на младите и децата во Албанија и Министерство за култура, млади и спорт во Косово.

Мартин Николовски