Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дали само една фирма се занимава со литиумски батерии? – владата со предлог за намалување на царините за овој бизнис

/

пред 500 дена

Сподели преку :

Според информации на Телма, на денешната седница на влада ќе се разговара за предлог-закон со кој би се намалиле царините литиумски батерии за складирање на електрична енергија со образложение дека тие стануваат клучен елемент во балансирањето на струјата. Во документот до кој дојде Телма стои дека намалувањето на царините е од голема важност за енергетиката и ќе им помогне на енергетските компании.

Предлог-законот бил правен во консултација со дел од бизнис-заедницата, преку Стопанската комора на Македонија.

Инаку, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција и кога тогашната влада на СДСМ и ДУИ, предложи слична ваква иницијатива, ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја критикуваше со образложение дека ќе се зголеми профитот на поединци кои се дел од овој бизнис.