Косовскиот премиер Албин Курти вчера остварил средба со претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија Соња Бисерко, ко-основачот и поранешен лидер на Лигата на социјалдемократите од Војводина Ненад Чанак и професорот и директорот на центарот за хуманитарен дијалог Марко Баскин
За време на средбата, Бисерко, Чанак и Башкин го информирале премиерот дека се шпекулира дека официјален Белград планира да ги пресели косовските Срби, особено оние од северот, во Санџак, каде, како што велат, се градат куќи и станови за нив. Тие апелираа до премиерот Курти да се обиде да спречи такво сценарио“.
-Белград планира да ги пресели Србите од Косово, особено од Северот во Рашката област, каде што им се градат куќи и станови.
Ова го тврделе Соња Бисерко и Ненад Чанак, кои, според соопштението на косовската влада, вчера го информирале Албин Курти, барајќи од него да се обиде да спречи такво сценарио.
Не е познато што кажал Курти но според соопштението на Косовската влада тој го повторил значењето на демократијата.
Посетата на гостите во Приштина следува по последниот бран критики од западните претставници во Приштина, за новите некоординирани акции на владата, со како што соопшти американската амбасада, „владината постојана инструментализација на Косовската полиција за спроведување на некоординирани акции“, со издвојување на загриженоста за српската заедница .











