Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Данчо Масев осуден на четири години затвор поради трговија со дрога

/

пред 436 дена

Сподели преку :

Четворица обвинети за трговија со дрога од групата на Раде Трајковски Штекли кои признаа вина денеска беа осудени на затворски казни од 4 до 5 години. Данчо Масев и Димитар Трајчов добија по 4 години зад решетки, а по 5 години Бранислав Зајков и Владимир Веселиновски. Судијата Илија Трпков донесе одлука со која што се запленуваат работите кои што биле искористени при вршење на кривичните дела меѓу кои и скапиот мерцедес на Масев, вреден неколку стотина илјади евра.

Инаку Масев е поранешниот спортски директор на македонската фудбалска репрезентација кој беше разрешен од функцијата спортски директор на почетокот од оваа година, веднаш по отворањето на истражната постапка.

Судењето за останатите седум обвинети продолжува на 3 септември кога вештаците на обвинителството и на одбраната ќе треба да ги објаснат спротиставените мислења за психичката состојба на Трајковски. Вештаците на обвинителството тврдат дека Трајковски е способен да го следи судењето, додека оние на одбрнана дека обвинетиот треба да е хоспитализиран на клиниката за психијатрија, бидејќи страда од психотично растројство со шизофрени карактеристики.

Халуцинации за имагинарен учител и психичко растројство или способен да следи судење, две различни дијагнози за Раде Штекли