Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Данска ќе дозволи изградба на американски воени бази на нејзината територија

/

пред 494 дена

Сподели преку :

Парламентот на Данска денеска одобри закон со кој се дозволува американски воени бази на данска територија.

„За“ законот гласаа 94 пратеници, а 11 беа „против“. За законот да стапи во сила треба да биде потпишан од данскиот крал Фредерик Десетти.

Новиот закон е проширување на претходниот воен договор, склучен во 2023 година со администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, според кој американската армија имаше широк пристап до данските воздухопловни бази.

Критичарите тврдат дека со законот се препушта данскиот суверенитет на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати изјави дека сака да ја преземе контролата врз полуавтономната данска територија Гренланд.

Шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен истакна дека Данска ќе може да го раскине договорот ако САД се обидат да анектираат дел или цел Гренланд.