Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Данските сили на Гренланд ставени во борбена готовност поради можен напад од САД

/

пред 254 дена

Сподели преку :

Данските трупи Гренланд добиле наредба да бидат подготвени за борба, во случај на напад од САД, јави данскиот јавен сервис ДР. Во воената наредба што Данска ја издала минатата недела, според ДР, е наведено дека војниците на Гренланд треба да бидат опремени со боева муниција.

Јавниот сервис објави дека наредбата опишува „операција во повеќе фази“, која вклучува и можност за подоцнежно испраќање дополнителни војници и воени капацитети. ДР не изнесе детали од плановите, наведува британскиот весник „Гардијан“.

Во меѓувреме, данската премиерка Мете Фредериксен допатува во Нук, на Гренланд, каде што ќе разговара со лидерот на автономната територија, Јенс-Фредерик Нилсен. Се очекува таа да го информира за деталите од разговорите што претходно денеска ги водела со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во обид да се направи понатамошен пробив во контекст на континуираниот интерес на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд.

Во јавните настапи во изминатите 48 часа, и Фредериксен и Нилсен повеќепати истакнаа дека територијалниот интегритет и суверенитетот остануваат нивни „црвени линии“ во сите разговори со САД, додавајќи дека се отворени за разговори за зајакнување на безбедноста на арктичкиот регион.

Како што наведува весникот, сè уште не е познато каков договор имал на ум Трамп кога во средата навечер го промени тонот во врска со Гренланд, по средбата со генералниот секретар на НАТО, Руте, кога на својот профил на мрежата „Трут соушл“ напиша дека е постигната рамковна спогодба за Гренланд и дека нема да воведе царини што претходно ги најави за одделни европски земји.