Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Даравелски ги изненади полицајците на Табановце, дали ќе ги изненади и затворски чувари ако утре го пуштат поради застареност на делото?

/

пред 1380 дена

Сподели преку :

Драган Даравелски отиде во Идризово, но најверојатно ќе остане многу кратко. Првичните толкувања на правните експерти кои ги консултираше Телма се дека делото му е апсолутно застарено.

Сторено е во периодот 1999-2002 година и доколку е за максимална казна до десет години, тогаш поминале 20 години, што значи апсолутна застареност.

Но, извршувањето на казната зависи од тоа по кој став од членот за злоупотреба на служената положба е осуден Даравелски.

Никој од нашите соговорници, ниту пак од Кривичниот суд кој го осуди, не можеа да го кажат тоа.

Даравелски може да се надева и на друго застарување, она за извршување на казната, односно одењето во затвор.

Според Кривичниот законик, извршувањето на казната застарува, кога ќе поминат десет години од осуда на затвор над пет години.

Даравелски беше осуден во отсуство на седум години затвор за злоупотреба на службената положба, но постојат и правни дилеми околу начинот на пресметување на застареност на затворските казни.

Застарувањето не тече за времето за кое според законот извршувањето на казната не може да се преземе. Мирувањето на застареноста може да биде предизвикано само со правни, а не и со фактички пречки за извршување на казната и на другите санкции и мерки. По престанокот на законската пречка застарувањето си продолжува да тече, стручен коментар на членови 109 и 111 од КЗ.

Правните дилеми ќе треба да ги разјасни Кривичниот суд во Скопје кој ја изрече казната.

Даравелски помина 20 години во бегство. Живееше во Србија и доби српско државјанство. По него беше распишана меѓународна потерница од Интерпол, но ниту едно барање за екстрадиција не успеа.

Српската полиција го уапси во два наврати, 2004-та година, и во 2016-та. Но, никогаш не беше испорачан во Македонија. Последното барање за екстрадиција Министерството за правда го испрати во 2020-та година. И тоа заврши без успех.

Денеска Даравелски се појави на граничниот премин Табановце, покажал пасош и тогаш е уапсен врз основа на издадената потерница.

Нешто по 15 часот е однесен во Идризово.

Даравелски кој беше осуден затоа што го оштетил буџетот за 2,5 милиони евра и кому му беше конфискуван имот, сега може да биде слободен граѓанин, па дури од спората македонска правда да бара враќање на она што му е земено од државата.

Марија Дивитарова

Даравелски спроведен во КПД „Идризово“