Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Деканката на филозофскиот факултет од Ниш нападната со нож – едно лице е уапсено

/

пред 568 дена

Сподели преку :

Деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ денеска е повредена со нож на собир на студенти и други граѓани пред денешниот закажан протест.

Таа беше пренесена во Ургентниот со исеченица на раката, а по санирање на повредата е пуштена на домашно лекување.

Припадници на МВР во Ниш, реагираа брзо, по наредба на Вишото јавно обвинителство Ниш, при што за нападот уапсија 69 годишна жена, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело насилничко однесување на спортски настан или јавен собир, соопшти МВР.

Таа е осомничена дека денеска околу 10 часот и 45 минути на плоштадот „Павле Стојковиќ“ во Ниш, за време на јавен собир на граѓани, со нож ја избодела десната рака на деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, Наталија Јовановиќ, се наведува во соопштението.

Присутните студенти реагирале брзо на нападот и успеале да ја соборат жената, а со то да спречат таа да повреди и други лица.

Доживеав голем стрес, останува само да се распарчиме. Нема потреба вака да продолжат тензиите, а знаеме кој ги шири, обвинувам една личност, таа ми извади нож, а тоа е претседателот на оваа држава“, изјави Јовановиќ, пренесува Н1.