Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Деканот на Градежен факултет во трка за првата скопска фотеља

/

пред 418 дена

Сподели преку :

И деканот на градежниот факултет ќе бара шанса да седне во првата скопска фотеља.  Професор д-р Горан Марковски ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје од граѓанската платформа „Независни заедно„. Утре ќе ја образложи својата мотивација за влез во градоначалничката трка, како и визијата за нов пристап кон локалната власт. Го претставија како истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје.

Марковски е познат во јавноста и како критичар на урбанистичкото планирање и на корупцијата на урбанистите, архитектите и инженерите.

Граѓанската платформа која застана зад неговата кандидатура ја сочинуваат „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.

Од „Зелен хуман град„, пак,  вчера најавија дека ќе претстават своја кандидатка за градоначалничка, но во последен момент таа им ја откажа кандидатурата поради здравствени причини.

Досега се потврдени и кандидатурите на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Каја Шукова од СДСМ, Амар Мециновиќ од Левица, Скендер Реџепи од Европски фронт и Башким Бакиу од „Вреди“.

Далиборка Демјанска Цветановска