Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дел од трговците бараат итна средба со Владата поради ограничените маржи

/

пред 604 дена

Сподели преку :

Oд Стопанската комора на трговци на големо и мало главно со прехрамбени производи, пијалаци тутун бараат итна средба со Владата поради одлуката за замрзнување на маржите. Од Комората соопштуваат дека со ограничувањето на 10 отсто ќе се доведе во прашање опстанокот на трговците, а со тоа ќе бидат принудени да го намалат бројот на вработени, но некои и да ги затворат маркетите.

Нивните пресметки покажуваат дека штетите ќе бидат големи, и во прашање е доведен опстаноко на над 80 трговски фирми со околу 800 продажни места со близу 5000 работници.

Оваа комора е новоформирана и во неа членуваат речиси сите помали маркети.