Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, оствари средба со претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и судијката Ана Павловска Данева.
На состанокот било разговарано за одлуката У.бр.90/2024, со која беа укинати одредби поврзани со поимот „припадност на заедниците“, меѓу кои и делови од Методологијата за планирање на вработувања во јавниот сектор, позната како „Балансер“.
Од Венецијанската комисија изразиле интерес за содржината и правното значење на одлуката, а двете страни ја нагласиле важноста на континуираниот дијалог и соработката во унапредување на владеењето на правото.











