Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ден на жалост утре во Прилеп, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

/

пред 757 дена

Сподели преку :

Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола во која загинаа три медицински лица од Прилеп, двајца лекари и радиолошка техничарка, претседателот на Советот на општина Прилеп за 18 часот закажа вонредна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп. Согласно предлогот, утрешниот ден, петок 4 октомври ќе биде прогласен за Ден на жалост.

Во сообраќајната несреќа изутрината на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот кај селото Лагово загинаа Александар Ристески, специјалист радиолог, гинекологот Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска кои долги години работеа во битолската болница Плодност. Несреќата се случила при судир на патничко моторно возило „тојота“ во кое биле медицинските лица и товарен камион. Поради силината на ударот избил пожар.

Делницата на патот Прилеп-Битола од 16 :25 е нормализирана во двата правци.