Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска нова цена на парното

/

пред 315 дена

Сподели преку :

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти новата цена на парното греење што ќе важи од 1 декември.

Одлуката доцнеше неколку месеци бидејќи регулаторите чекаа да го добијат извештајот за проценка на вредноста на топланите од Бирото за процена, по што може да се утврди конечната тарифа.

Првичните информации од летото укажуваа дека компаниите што испорачуваат топлинска енергија барале зголемување од околу 50 проценти.

И сега, пред донесување на новата одлука, тие повторно доставиле пресметани зголемени трошоци. Очекувањата се дека денешната одлука ќе даде појасна слика за тоа дали и за колку ќе поскапи парното за домаќинствата и фирмите од декември.