Регулаторната комисија за енергетика ќе ја објави новата пресметка за цените на горивата. Засега сè уште не се знае дали ќе има ново поскапување, бидејќи цената на брент нафтата на светските берзи во текот на неделава се зголеми за над 10 проценти.
Сè уште е во сила мерката за намалени акцизи на сите горива, како и повластено ддв од 10 отсто за бензините, но минатиот викенд владата одлучи да го врати данокот на додадена вредност за дизелот на 18%.











