Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Доста е, институциите затаија“ – денеска протест против фемицидот

/

пред 388 дена

Сподели преку :

Невладини организации за денеска најавија дека ќе организираат протест против, како што велат, колективниот крах на институциите и системското игнорирање на пријавите за насилство врз жени. Поводот е последниот случај на фемицид во Велес, кој повторно ја отвори болната тема за неефикасната заштита на жените од семејно и родово базирано насилство.

Организаторите истакнуваат дека надлежните, полицијата, обвинителството, судовите, но и центрите за социјална работа не постапиле навреме и согласно законските обврски и протоколите за заштита. Тие потсетуваат дека девојката од Велес повеќепати барала помош, но институциите не реагирале, што на крај резултираше со трагичен исход.

Протестот е повик за одговорност и системски промени за итни измени во законите, вработување на стручен кадар и крај на неказнивоста. Невладините бараат фемицидот да биде препознаен како посебно кривично дело и итно да се подобри координацијата помеѓу институциите за заштита на жртвите.