Новата компресорска станица за хируршките клиники, денеска официјално ќе биде пуштена во употреба со што ќе се реши проблемот кој трае веќе една година.
Во месец мај, минатата година, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба.
За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”.
Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требалo да биде променета уште пред три години.
Неработењето на оперативниот блок се сметаше за тежок удар врз Клиничкиот центар како столб на здравството.
Монтирани и инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема, а изминатава недела во тек беше пробна работа на системот за компримиран воздух на комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.











