Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска се одржува меѓувладината конференција Албанија – ЕУ

/

пред 736 дена

Сподели преку :

Во Луксембург денеска ќе се одржи меѓувладината конференција помеѓу Албанија и Европската Унија, на која ќе биде отворен кластерот 1 или познат како основите во преговорите за членство.

Оваа конференција е можна по усвојувањето на заедничката позиција на ЕУ за отворање на првиот кластер на 11 октомври.

Албанија е првата земја кандидат што ги отвора преговорите по изменетата методологија на проширување на ЕУ.

Кластерот 1 опфаќа основни реформи, вклучувајќи правосудството, основните права, јавните набавки и финансискиот надзор.

Напредокот во овие области ќе влијае на темпото на преговорите.

Патот на Албанија кон ЕУ долго време беше поврзан со Македонија, но неодамна беа раздвоени поради блокадата од Бугарија за Македонија.