Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска за Ауди и за поттикнување на етничка омраза и раздор, утре за директори – рочишта против Мерко

/

пред 560 дена

Сподели преку :

Во Основниот суд во Струга, денеска продолжува главната расправа за предметот во кој струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е обвинет за незаконска набавка на четири службени возила, меѓу кои и луксузното Ауди А6 од 67.000 евра, во време кога општината била со блокирана сметка поради долгови.

Претходното рочиште за предметот почна од почеток поради промена на судечкиот судија. Исто така денеска ќе продолжи и судењето за предметот во кој  Мерко е обвинет за поттикнување етничка омраза и раздор кај граѓаните, затоа што лани во март постави спомен плоча на општинската зграда испишана на албански јазик со која се велича фашистичката окупација на Струга.

За утре, пак, се закажани три судења за предмети за незаконско поставување на директори во струшките училишта. Против Мерко се поднесени вкупно девет обвиненија, за кои има активни судски постапки, а во секоја му се заканува и затворска казна, но до денес нема ниту една пресуда.

Тој е на црната листа на САД од 2023 година поради вмешаност во корупција.