Петте члена од Судскиот совет да си поднесат оставки по вчерашната изгласна интерпелација. Вакви повици дојдоа денеска и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и од извршната власт.
Заменик министерот за правда Ален Деребан смета дека интерепалцијата е уставна а на Судскиот совет му порача да ја сфати сериозно, му даде и насоки за следни чекори.
Изгласаната интерпелација значи дека тие немаат легитимитет да учествуваат, а уште помалку да одлучуваат во рамките на Советот. Судскиот совет мора да ја разгледа оваа интерпелација. Да закаже итна вонредна седница по однос на истото, а од нив очекувам да поднесат неотповикливи оставки, порача деребан.
На прашањето зошто бара оставки пред да се донесе новиот закон за Судкси совет кој треба да се утврдат појасни критиериуми и процедура за збор и разрешување на членовите на Судскиот совет, Деребан смета дека со вакви кадри не можат да се спроведуваат законски реформи.
Од Судски совет за сега нема потврда дали ќе има седница на која ќе се дискутира за интерпелацијата според која пете члена избрани од Собранието имале значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот во судството и на судиите.
Петте члена до сега повеќе пати повторија дека не чувствуваат одговорност, ниту ќе поднесат оставки. Интерепалцијата ја сметаат дека е недозволив преседан и нарушување на независноста на судството и дека во неа нема индивидуализација на пропусите.
Лидерот на СДСМ вели интерпелацијата се грубо кршење на уставниот принцип за владеење на правото и поделба на властите.
Ова е намера, односно злонамера на власта целосно да ја партизира судската власт. Очигледно е дека немаат никаква намера за вистинска реформа во правосудството, базирана на реформската агенда која значи европски закони и европски фондови за секоја имплементирана реформа, рече Филипче.
Од Европскиот фронт не очекуваат оставки од Судскиот совет и денеска повторија дека може да поднесат интерпелации за уставни судии.
Од Уставниот суд за сега нема реакција на најавите за интерпелации.
Елена Ивановска Мукоска











