Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десет загинати и 32 повредени во пожар во хотел во ски центар во Турција

/

пред 637 дена

Сподели преку :

Десет лица загинаа а голем број се повредени, од кои дел во тешка состојба, откако рано утрово избувна пожар во хотел во ски-центарот Карталкаја, кој се наоѓа во централната турска провинција Болу.

Пожарот бил пријавен околу 3 часот и 27 минути по локално време.

Повредените лица се префрлени во блиските болници, а некои од нив се подложени на итна медицинска помош.

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, го потврди трагичниот настан и изрази сочувство за жртвите.

Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот, но истражни тимови се на терен за да ги утврдат околностите.

Хотелот, кој беше полн со туристи во моментот на пожарот, се наоѓа во популарниот ски-центар Карталкаја, кој секоја зима привлекува многу туристи.

Противпожарните и спасувачките служби веднаш реагирале со цел да ги спасат гостите на хотелот.

По несреќата властите најавија темелна проверка на безбедносните мерки во туристичките објекти во земјата.