Си симптоми на труење од лекови десетмесечно бебе од Куманово вчера било итно донесено во Општата болница во градот. Случајот бил веднаш пријавен во полицијата, а надлежните институции се вклучени во истрагата за да се расветли како дошло до овој сериозен инцидент.
– На 29 јули 2025 година, во 11:40 часот, во СВР Куманово било пријавено дека во Општата болница Куманово е донесено десетмесечно бебе со симптоми на труење со лекови. Извршен е службен разговор со лекарот и родителите, а за настанот е известен и јавен обвинител – велат од СВР Куманово.
Состојбата на бебето е стабилна и во моментот нема опасност по животот, велат од болницата. Ова е втор случај во Куманово, едногодишно дете од селото Отља, исто така пред две недели било хоспитализирано по труење со лекови.











