Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Детска клиника: Бебето беше донесено предоцна, со тешка сепса и не можеше да биде спасено

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Директорот на Детската клиника, доктор Реџеп Мемеди, вели дека нема ништо спорно во смртта на осумдневното бебе кое било донесено од струмичката општа болница.

Според него, детето било предвремено родено и со помала тежина за својата возраст.

Тоа поминало неколку дена дома, а во семејството имало и други болести.

Како што објасни Мемеди, бебето е донесено со задоцнување и тешка сепса, прво во струмичката болница, а потоа било упатено во Скопје поради сериозноста на состојбата.

И покрај интензивната нега  раната сепса кај предвремено родените деца има висок степен на смртност.

Лекарите од детската клиника велат дека станува збор за бременост која не била редовно контролирана.

Смртноста кај доенчињата во земјата паѓа, но и понатаму е висока во европски рамки.

Во 2014 година имало 233 случаи, додека во 2023 година се регистрирани 58 случаи на смртност.

Овој последен случај спаѓа во неонаталната смртност, што се однесува на бројот на умрени доенчиња во првите 28 дена од раѓањето на 1.000 родени деца.