Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Детското одморалиште „Титови пионери“ во Дојран две децении е запуштено

/

пред 1609 дена

Сподели преку :

Ништо не остана од летувалиштето Титови пионери кај село Николиќ во Дојран. Крајезерското детско одморалиште речиси две децении е запуштено, некорисно. Наместо детски џагор, те дочекува подмолна тишина. Општина Дојран вели дека има голем интерес да с еинвестира во оваа локација.

Летувалиштето е импресивно архитектонско дело создадено во седумдесетите години на дваесетиот век. Го сочинуваат комплекс од повеќе одделни објекти.

Жителите на Дојран велат дека ова одморалиште им било гордост. Го користеле не само децата туку ресторанот го изнајмувале и за прослава на семејни веселби.

Во овој регион има уште едно запуштено детско одморалиште. Станува збор за Суви Лаки, лоцирано е помеѓу Струмица  и Берово.

Сузана Мицева