Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девет тинејџери загинаа, десетици луѓе се повредени – ракета од Либан падна на фудбалско игралиште на Голанската висорамнина

/

пред 816 дена

Сподели преку :

Девет лица загинаа, а десетици се повредени по пад на ракета истрелана од Либан на окупираната сириска Голанска висорамнина, јавуваат израелските медиуми.

Израелскиот Канал 12 јавува дека загинаа девет израелски тинејџери по експлозија на ракета истрелана од позиција во Либан на фудбалско игралиште во селото Мајдал Шамс.

Израелската Итна служба соопшти дека 30-тина лица се повредени од кои седум се наоѓаат во критична состојба.

На жителите на Голанската висорамнина им е наредено да останат во безбедносните подрачја. Либанската група Хезболах ги отфрли тврдењата за нејзина вмешаност во нападот на Мајдал Шамс. Меѓутоа, презеде одговорност за низа напади врз Голанската висорамнина што е под контрола на Израел, истакнувајќи дека цели биле воени касарни.