Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девет загинати, десетици повредени – руски бран напади со дронови низ Украина

/

пред 544 дена

Сподели преку :

Најмалку девет луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во руски напад со дрон во источниот украински регион Днипропетровск, јавуваат локалните медиуми и светските агенции. Според „Украинска правда“, мета на нападот утрово бил автобус кој превезувал работници во местото Марганец.

И „Ројтерс“, повикувајќи се на официјални лица, известува дека мета на нападот бил работнички автобус и оти Русија извршила бран напади врз цивилната инфраструктура во централна, источна и јужна Украина. Нападите доаѓаат по сигналите од претседателите на Русија и на Украина, Путин, односно Зеленски, дека се подготвени да преговараат за договор со кој би се забраниле напади врз цивилната инфраструктура.

И централниот регион Полтава беше мета на руски напад со беспилотни летала, објави украинската Итна служба на Телеграм. Две лица се повредени во предградие на пристаништниот град Одеса, пришто се предизвикани и неколку пожари, објави гувернерот на областа, Олег Кипер.

Големи пожари избувнаа и во вториот по големина град во Украина, Харков, како последица на руски напади со дронови, напиша градоначалникот Олег Терехов на Телеграм. Единиците за противвоздушна одрбана биле активирани и во областа на Киев, но нема извештаи за евентуални штети.